3 брзи начини како да го решите стресот на работа

Покрај сите рокови и одговорности, сосема е нормално да чувствувате голем стрес.

Дали знаете точно зошто така се чувствувате? Едно неодамнешно истражување објавено во магазинот „Marketing Research“, откри како емоционалниот конфликт или чувството на вина или страв можат да предизвикаат да се чувствувате така, а не затоа што тоа навистина е така.

Постојат мали трикови кои ќе ви помогнат да се справите со стресот на работа.

Дишење

Верувале или не , дишењето е најлесниот начин во борбата против стресот, па така кога ќе почувствувате дека главата би можела да ви експлодира, длабоко вдишете. Фокусирајте се на длабокото и бавно дишење, како да медитирате. Бројте до 5 додека вдишувате и до 6 додека издишувате.

Поделете ги обврските на 4 дела

Обичен лист хартија преклопете го на 4 дела па на секој квадрат напишете „итно“, „не е итно“, „важно“, „не е важно“. Потоа класифицирајте ги сите ваши задачи во тие категории. Откако ќе ги завршите прешкртајте ги. Чувството ќе биде одлично па тоа може да ви послужи и како мотивација. Но луѓето често ја потценуваат моќта на оваа листа. Не бидете дел од нив.

Свртете ги своите негативни емоции

Дали се чувствувате загрижено поради количината на работа? Обидете се со следниот трик: наместо очајување, кажете си на себе дека сте силно возбудени поради тоа. Иако не е така, вие преправајте се дека е така. Не се поткопувајте пред да започнете. Исто така, сетете се дека еден ден трудот ќе ви се исплати, а тоа е најважно.




Коментари

коментари