Категории

Сурово реални мисли од познатите умови

Се бориме за вистината целиот наш живот, презираме лаги и измами, но честопати таа знае да биде сурова и непријатна, па посигурно се чувствуваме кога ќе го избегнеме соочувањето со неа. Познатите умови имаат што да кажат на таа тема.

Личноста која премногу чита, а премалку го користи својот мозок, прераснува во личност која е премногу мрзелива за да размислува.
– Алберт Ајнштајн
Верувајте им на оние кои се во потрага по вистината. Сомневајте се во оние кои ја наоѓаат.
– Андре Пол Гијом Жид
Претпочитам да живеам постојано прашувајќи се, отколку да се задоволам со лош одговор.
– Ари Фример
Учиме по нешто ново секој ден, а многу често сфаќаме дека тоа што сме го научиле претходниот ден е погрешно.
– Бил Воган
Напишав долго писмо бидејќи немав време за пократко.
– Блез Паскал
Никогаш не се борете со свиња. Ќе се извалкате, а само свињата ќе ужива во тоа.
– Кејл Ј.
Изумител е личност која не го сфаќа образованието премногу сериозно.
– Чарлс Кетеринг
Подобро да пишувате за себе и да немате публика, отколку да пишувате за публиката и да се изгубите себеси.
– Сирил Коноли
Имам трпение за глупавоста, но не и за оние кои се гордеат со неа.
– Едит Ситвел
Нормален живот значи да се облечете во алиштата кои ги купувате за на работа и да возите низ сообраќајниот метеж до работното место кое ви овозможува да го исплатите автомобилот и облеката, како и куќата за да може да си овозможите да живеете во неа.
– Елен Гудман
Лекот за досада е љубопитност. Но, за љубопитноста нема лек.
– Елен Пар
Барање совет значи прашување за одредена работа за која веќе го знаеме одговорот, но би сакале да не е така.
– Ерика Јонг
Постојат луѓе кои толку многу го ценат мојот совет, што наместо да го искористат го врамуваат и го закачуваат на ѕид.
– Гордон Диксон
Проблемот во трката со глувци е тоа што дури и да победите, сеуште сте само глушец.
– Лили Томлин
Никогаш не и верувајте на злобата, таа секогаш може да се објасни со некомпетентност.
– Наполеон
Имагинацијата му е подарена на човекот за да го надополни тоа што го нема, а смислата за хумор, за да го утеши при соочувањето со себе и тоа што го има.
– Оскар Вајлд
Кога ќе престанете да правите шеги на своја сметка, време е другите да почнат да ви се смеат.
– Томас Сас
Прегледи:
626
Објавено на:
11.01.2018