Свадбената бајка на Кејт Аптон во романтичната Тоскана

Кејт Аптон и Џастин Верландер го кажаа судбоносното ‘Да!’ на романтична церемонија во Италија.

Магазинот Vogue се погрижи да го овековечи секој момент од прекрасната бајковита свеченост и го сподели на својот сајт. 25-годишниот модел промени три фустани од кои на вечерата пред големиот дел на која присуствуваа блиските пријатели и семејството избра елегантна црвена тоалета од модната куќа Valentino која исто така ја потпиша и венчаницата во која Кејт зачекори пред олтарот.

За забавниот дел невестата промени уште една венчаница која беше креација на Christy Rilling Studio за која изјави дека сакаше да е нешто во кое ќе може да танцува.




Коментари

коментари