Вака изгледа жената која го држи светскиот рекорд во пластични операции

58-годишната Синди Џексон имала повеќе „работа“ на себе отколку кој било друг на светот, но таа всушност изгледа прилично нормално.

 

Кога повеќето од нас ќе слушнат „пластична хирургија“, првата работа која ни паѓа на памет се страшни козметички операции. Постои една жена која го држи рекордот по бројот на пластични операции, но таа воопшто не изгледа како чудовиште.


58-годишната Синди Џексон имала повеќе пластични операции на себе отколку кој било друг на светот, но таа всушност изгледа прилично нормално.


Џексон ја започнала својата авантура со пластични операции кога имала 33 години. Нејзиниот татко починал и ѝ оставил нешто пари. Во една прилика рекла дека никогаш не ѝ поминала желбата од детството да личи на Барби куклата.

Таа ги вложила парите кои ѝ ги оставил татко ѝ во својот изглед. Почнала со очните капаци, потоа преминала на липосукција на колената и на колаген инекции. Нејзините операции во тоа време навистина биле екстремни.


Таа сега е горда на сè што направила и се смета себе си за пионир на пластичната хирургија. Во 2007 година нејзината мајка починала и повторно во тестамент добила голема сума на пари, кои секако, ги вложила во својот изглед. Овој пат сакала изглед како Бриџит Бардо.


Сега во 58-мата година од животот, Џексон имала 47 операции и ја сикористила својата слава за да стане бренд. Покрај започнување на пејачка кариера, Џексон ја искористила својата новопечена слава и напишала две книги кои се многу продавани и започнала линија производи за нега на кожата.


Сè на сè, Синди вели дека потрошила повеќе од 100.000 долари на операции. Без оглед на вашиот став за пластичната хрургија, мора да признаете дека Синди изгледа прилично добро за своите години.




Коментари

коментари