Светскиот хит „Јас пред тебе“ на Џоџо Мојес го доби своето продолжение „После тебе“ на македонски јазик

Сигурно имате слушнато или пак имате искусено од прва рака дека книгите се секогаш подобри од екранизираните верзии, филмовите. Сите прво посегнуваат по филмот, но вистинското задоволство е во пишаниот збор.

Па така, доколку не сте ја прочитале „Јас пред тебе“ од Џоџо Мојес, сигурно го знаете истоимениот филм, популарната романтична драма Јас пред тебе  во која главните улоги ги играа ѕвездата од Игра на тронови, Емилија Кларк како Луиза Кларк и актерот Сам Клафин како Вил Трејнор.

„Јас пред тебе“ е роман за животот на двајца млади луѓе. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?

Луиза Кларк е обична девојка што живее еден многу обичен живот – стабилен дечко, блиско семејство – кои едвај отишле подалеку од нивното мало село. Таа се вработува кај Вил Трејнор, кој е врзан за инвалидска количка по една несреќа, но се случува нешто што не очекуваше, се раѓа љубов и Вил станува важен дел од нејзиниот живот.

Срцепарателниот дел од приказната е одлуката која ја има донесено Вил, неговиот авантуристички дух желен за адреналин, не му дозволува да живее живот во инвалидска количка. Тој носи тешка одлука, која ги погодува сите.

Приказната за Луиза продолжува во „После тебе“ која ќе ви ја раскаже приказната од поинаков агол, дали надежта некогаш престанува или токму тоа е водилката низ животот.

Луиза повеќе не е истата девојка, обична девојка која живее обичен живот. Таа имаше живот со Вил, кој беше најнеобичното нешто што можеше да и се случи, воедно и најтешкото.

Сега Луиза учи да љуби повторно, да се ослободи и да го отвори срцето, со сите потешкотии кои одат со тоа, колку страшно и да делува.

Приказната за Луиза е нешто кое не смеете да го пропуштите, ќе ве насмее, но ќе ве растажи и расплаче, ќе ве замисли и ќе ве научи.

Интересни приказни, кои се читаат во еден здив, „Јас пред тебе може да ја најдете во Книжарницата Култура, а од денес официјално е пуштено во продажба продолжението „После тебе“.




Коментари

коментари