Категории

Таа беше секс симбол во деведесеттите години и сон на многу мажи! Вака изгледа денес без шминка

Памела Андерсон (49) ненајавено го посетила бегалскиот камп во Франција и однела храна и други основни работи. А, кога веќе била тука, следниот ден отишла во Париз и ги посетила знаменитостите на „градот на светлината“.

Памела за прошетката во Париз одбрала бела бунда од вештачко крзно, фустан во иста боја и црни чевли со високи потпетици, а целиот стајлинг го комплетирала со црн шешир.

Памела не уживала сама во магиите на Париз – на повеќето фотографии е во друштво на непознат маж за јавноста.

Ѕвездата на крајот на својот блог апелирала да им се помогне на бегалците. „Без зборови сум! Многу сум лута! Тие деца се толку културни и љубезни! Им однесов ќебиња, капи, ракавици, храна, книги, боенки. Некои беа толку уплашени, што не смееја да ги прифатат подароците. Ги повикувам сите да им помогнат на овие луѓе“, напишала Памела.

Прегледи:
334
Објавено на:
28.01.2017