„Таа која секогаш ме чекаше“

tumblr_n1ys93ZDcd1szq987o1_500„Понекогаш ја наоѓав заспана на прагот со раскрварени усни и студени солзи кои и се тркалаа по вратот.. Повторно ме чекала, умирав одново и одново. Еден глас во мене храбро извикуваше
-„Замини, замини и не мачи ја повеќе, ни неа ни себеси..“, а другиот жестоко го прекоруваше
-„Зарем друга би те чекала? Зарем друга на прагот би спиела?“
Знаев дека моето присуство и беше многу поголема казна од моето отсуство. Што љубов е таа кога едниот секогаш го чека другиот?
Што ако се враќав во тие ситни саати кога таа веќе ја губеше војната против надежта? Таа и онака веќе премногу чекаше..
И се доближив нечујно и ја бакнав на челото, за побрзо да ги заборави сите лоши спомени.. Ја бакнав на вратот, за сите разочарувања и пропаднати воздишки, ја бакнав и на градите, за нејзиното срце кое залудно биеше за мене.. Ја погледнав за последен пат таква кревка и беспомошна, во тој миг не постоеше ни една девојка на светот која беше толку моја.. се завртив и заминав.
Не е храброст да љубиш и да се враќаш повторно и повторно, храброст е никогаш да не заминеш поради љубовта на другиот.. таа вечер сфатив дека јас и онака таа храброст никогаш не сум ја поседувал.“

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари