Категории

Тајните за убавина од стариот Холивуд

Од дваесеттите години на минатиот век, кога започна Златното доба на Холивуд помина еден цел век, а шминката и фризурите на култните глумици не инспирира и ден денес. Иако се е променето, можеме да кажеме дека всушност и не се променило абсолутно ништо затоа што одредени трикови и изгледи никогаш не излегуваат од мода.
Без обзир на тоа дали некого гледаме во црно-бела техника или technicolor, можеме да научиме многу од легендарните холивудски убавици. Од контурирање на усните, до маскари во впечатливи бои, тие се вистински симбол за како треба да изгледа една вистинска дама.

Контурирање на усните според Мерлин Монро
Најпознатата блондинка на сите времиња да постигне толку неодоливо убави усни користела неколку различни нијанси на кармини и сјаеви како би постигнала најдобар ефект. Таа ги исцртувала усните со најтемната нијанса на црвени, а потоа постепено со се посветли и посветли тонови ги исполнувала усните до внатрешноста за да постигне ефект на пополни усни.

Раздвоените трепки на Одри Хепберн
Прекрасната грациозна Одри, после секое нанесување маскара ги раздвојувала трепките една по една како тие не би биле залепени. Тоа не го правела на начин на кој можеби на сите ви е познат – со помош на четка, туку таа ги разделувала со помош на игла како секоја трепка би била совршена раздвоени. Ние секако не ви препорачуваме да приближувате игла до очите туку само ви ја откриваме тајната со која Одри добивала толку прекрасно природни трепки кои секако изгледаат многу подобро од оние со премногу слоеви на маскара. Тајната е во тоа да користите мала количина но добро нанесена.

Купката од маслиново масло на Софија Лорен
Со оглед на тоа дека Софија Лорен е италијанка и пораснала во медитеранска клима, маслиновото масло било нејзиното најсилно оружје во нејзините ритуали за убавина. Таа признала како го додавала во својата топла купка и како тоа е заслужно за нејзината мека и негувана кожа, а токму во маслиновото масло и неговите благотворни својства „се колнат“ бројни дами и денес.

Домашниот пилинг на Катарина Хепберн
Со цел нејзината кожа да би останала што подолго свежа и блескава, Катарина Хепберн правела свој домашен пилинг за лице од лимон и шеќер за кој тврдела дека и давал здрав сјај на кожата, а ние и денес знаеме дека овој пилинг е еден од најпопуларните трикови за убавина од нашата кујна. Вековите минуваат а едноставните и практични нешта секогаш ќе бидат популарни!

 

 

Прегледи:
319
Објавено на:
01.03.2017