Тажна вест од актерката која ја играше Миа Колучи Лусиана Лопилато и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле: „Нашиот 3 годишен син има рак“

Сите добро ја паметиме Лусиана Лопилато, но овој пат од нејзе стигнува тажна вест. Имено, таа и нејзинот сопруг Мајкл Бубле имаат две деца, а последното соопштение од нив е дека на нивниот постар син, тригодишниот Ноа му е дијагностициран рак. 

Во пост на фејсбук тие пишуваат:

„Уништени сме од скорешната дијагоза за нашиот најстар син Ноа, кој во моментов е на третмани во САД. Секогаш сме ја нагласувале важноста на семејството и љубовта која ја имаме спрема нашите деца.“

Во моментов ги прекинале сите професионални ангажмани и нагласуваат дека важна им е приватноста во овие моменти и од јавноста бараат само да се молат за нив и за здравјето на нивното дете.

Feliz día de la madre !! Happy Mother’s Day @luisanalopilato !! #myhero #bestmommy #bestfriend

A photo posted by Michael Bublé (@michaelbuble) on

Лусиана и Мајкл се во брак од 2011 година, двајцата се посветени на семејството и тоа е многу важно за нив. Заедно имаат два сина, Ноа и Елај, раскажуваат дека двајцата се мали, Елај само што проодува, но одлично се сложуваат, тие се весели и среќни деца, постојано се насмеани.

o-michael-buble-facebook




Коментари

коментари