ТЕАТРО БЕНД ЈА ПРЕРАБОТИ ЛЕГЕНДАРНАТА „КОСООКА“ НА ДАРИО И МИГ 21

Песната која стана хит и ја одбележи кариерата на пејачот Дарио Панковски и групата Миг 21, „Косоока“ повторно се врати во етерот преку маестралната преработка на Виктор Постолов од „Пинк Ѕвезди“ и неговата музичка група „Театро бенд“.

Музичката група „Театро бенд“ на македонската музичка сцена постои веќе 3 години, а ја сочинуваат Љупчо Ѓорѓијев – клавијатури, Виктор Постолов – вокал и Маријан Стоименов – гитара. На нивниот музички репертоар се наоѓаат популарни хитови, македонска, екс-ју и англиска музика. Во нивното 3-годишно постоење настапиле во многу дискотеки и локали низ цела Македонија.

– Ќе следи уште некоја обработка на популарни хитови, а понатаму и авторска музика за која веќе некое време се подготвуваме, најавуваат од „Театро бенд“.




Коментари

коментари