Тејлор Свифт донираше 1 милион долари за жртвите од поплавите

Тејлор Свифт објави дека ќе донира еден милион долари за помош на оние кои беа погодени од страшните поплави во Луизијана, каде загинаа 11 луѓе.

Во изјавата која ја даде за “AP”, Тејлор вели: “Ја започнавме турнејата ‘1989’ во Луизијана и прекрасните фанови направија таму да се чувствуваме како дома. Фактот што толку многу луѓе во Луизијана беа принудени да ги напуштат своите домови е навистина страшно”.

Имено, поплавата предизвика штета на 40.000 домови, додека повеќе од 60.000 жители регистрираа некаква оштета во центарот за кризи.

t2




Коментари

коментари