Тејлор Свифт стави крај на шпекулациите

Пред неколку дена, американската пејачка Тејлор Свифт го објави спотот за песната “Ready for it”, за која започнаа шпекулации дека на одредени сцени се појавува гола. Затоа, таа реши да објави фотографии од снимањето на спотот, со цел да стави крај на шпекулациите.

Тејлор објави фотографии од снимањето, на кои се гледа дека дека сите сцени исклучиво ги снима во костум. Таа објави и фотографија на која напиша дека едвај чека да ја види реакцијата на луѓето.

Како што и беше најавено, новата песна “Ready for it” ќе се најде на новиот албум “Reputation” , кој ќе се пушти во продажба на 10 ноември.

Тејлор Свифт песната ја напиша во соработка со Макс Мартин, Али Плами и Шелббек. Публиката добро го прифати спотот, во кој Тејлор се појавува како дух со супер моќи.




Коментари

коментари