Категории

Телефонот на Роналдо распродаден за една минута

Доволна била само една минута за целата достапна количина од новиот Nubia Z11 да биде распродадена. Повторно.

Ова е импресивен резултат од официјалната веб страна, а ништо помалку импресивен не е и фактот дека на другите продажни сајтови бил распродаден за нешто помалку од два часа.

Откако ко-основачот на Nubia, Ни Феј објави дека одредена количина од телефонот ќе биде достапна за продажба, биле продадени 25,3 телефони во секунда. Според проценката на веб страната “Pocketnow” биле продадени вкупно 180 илјади телефони.

Оние кои не успеаја да го купат телефонот велат дека доколку продолжи ваквата ситуација ќе мораат да купат некој друг телефон, како што е на пример Honor 8.

р2

Инаку, Nubia Z11 доаѓа во две верзии. Едната има 4GB другата 6GB RAM меморија. “Послабата” верзија чини околу 375 долари, а малку понапредната 525 долари.

Следната количина на овој телефон ќе биде достапна за неколку дена, а претпоставуваме дека и овој пат телефонот ќе се распродаде брзо.

р3

Прегледи:
520
Објавено на:
14.07.2016