Откако ги изгуби вишокот килограми не престанува да се фали со своето тело

Кога се појави на малите екрани, нејзината фигура не беше ниту приближно онаква каква што е денес. На ријалити ѕвездата Шарлот Козби и` биле потребни неколку месеци за да ги изгуби вишокот килограми. Но, успеала во својата намера, а сега сака на сите да им ги покаже резултатите од својот труд.

 Не толку одамна, Шарлот носела облека за четири броја поголема отколку денес.


Иако никогаш претходно не вежбала, кога одлучила да ги изгуби вишокот килограми и да се доведе во топ форма, таа почнала да тренира со личен тренер и да го промени начинот на исхрана. Својата програма на вежби ја објави како ДВД издание кое многу брзо стана најпродаваната фитнес програма во Велика Британија.

 


За нешто повеќе од половина година, оваа ријалити ѕвезда изгубила неверојатни 16 килограми. Задоволна со своето ново тело, Шарлот сега секој ден поставува фотографии во бикини на своите профили на социјалните мрежи.


Шарлот тврди дека ако таа успеала да го намали конфекцискиот број на облеката за четири големини, тогаш тоа го може секој.




Коментари

коментари