“Темјанушка”-Зоран Мицев

Зоран Мицев е роден на 10 јануари 1982 година во Кочани.

Инспирацијата за пишување кај овој автор се појавува уште во текот на
основното образование, но со пишување интензивно почнува да се занимава во
средношколските денови. Ова трае сè до денес, кога неговиот литературен
ентузијазам и ангажираност резултираат со издавање на првата авторска книга
на Зоран Мицев, збирката поезија „Темјанушка“. Авторот има желба и се
надева дека неговата креативност и инспирација ќе продолжат и понатаму и ќе
резултираат со нови творечки дела, за што потврда е тоа што во тек е
пишување на нова книга.Член во литературниот клуб “Копнеж”-Кочани.

Eве неколку песни од стихозбирката “Темјанушка”-Зоран Мицев:

 

 

 

 

 

ДВАПАТИ ЗАЉУБЕН ВО ЕДНА

Со таа прав ме налепи ти си кажав во љубовта си и молење за едно вртење да
се шетам со таа некоја. Не се исполнувам така со секоја ти ми беше како
светост искршената коса, краткото здолниште, свилените нозе ме разнежнија,
а уште не знам која ме сврте.

Нетрпеливо шетам да се сврти и зар во истата темјанушка и зар во истата
љубов двапати, пејачката од мојата замисленост, осамени и двајцата во
салата ме расположи гласот на малата и замислував песна за нејзе, текст од
љубов за љубов.

А сега не е како во салата расположени сме од успесите, останува уште
текстот за љубовта. Судбински нешта, а и природни, нормални нешта, а и
судбински. И оваа темјанушка ме замислува црното во нејзе и облечена во
црно, а и позирањето сликајќи ја.

ЛИНИЈА КОН ЉУБОВТА Оставени мириси во собата љубовна плачеше да ми ги земеш
спомените, а ја искршуваше косата за мене со тоа се кршеа светлините во
мене, не знаев за гаснењето на сонцето.

Зошто си скриена во сеното да гори и свети само тоа љубовта сама за себе во
селото? А изгорените мои корени знај, веќе се обновени.

Спомени се мирисите и селото ме одведе ти во манастир запалив девет свеќи
сонот е моја линија, линија кон љубовта света.

ВЕЧНОСТА НА МОМЕНТОТ

Со косите во сонцето делена си, бескрајности споени во темјанушката ме
жарат височините искршени, миговите кренати од летниот лик и молитвите
чувари, темјанушке.

Можности сјајни љубовни нешта сплетен сум со душата на темјанушката,
пердуви цртаат уживање, љубовта во убавината на таинственоста допрени
топлини, капки создадени.

Сплетени кули во храм, пештера на љубовниот мирис. Ти си влажност што
освежува, ти си напивка најубава, ти си љубов, темјанушке.

ЉУБОВТА Е ЛАВИРИНТ

Ти ги слушам пешачењата низ врвовите на љубовта, достигнати се тие ама
љубовта скриена во илузиите на водата.

Расипана радост откриена, изгубен со надежите низ врвовите. И сега патот до
езерото ја оцртува љубовта некако и ме тера да пешачам јас, таму била таа
за нас.

Продолжувам низ огледалото, слеп низ дволичноста да дофатам нежност, а
паѓам во коцки лед заледено езеро, заледена можност.

Низ вртлозите создадени се закачува во дното мистериозно и ништо од моето
пешачење, пак ме враќа љубовта низ истите врвови.




Коментари

коментари