Категории

„Терминаторот“ и на 70 години во одлична физичка кондиција

Арнолд Шварценегер во 2011 година се разведе од сопругата Марија по 25 години брак. Крајот на нивната љубов дојде по неговото признание на аферата со куќната помошничка со коа го доби синот Џозеф.

Актерот и поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер (70), веќе педесет години е икона во светот на бодибилдингот, а се чини дека годините не го спречуваат да ја одржува мускулната маса.

Арнолд, е забележан во прошетка со својот пријател Силвестер Сталоне (71), кој исто така е љубител на вежбањето и е во одлична форма.


Поранешниот гувернер кој е прилично активен на социјалните мрежи, на Инстаграм често се фали со фотографии и видеа на кои ги покажува своите напорни тренинзи. Колку е за него важно вежбањето и одржувањето на мускулната маса, покажува и маицата со која прошетал во текот на изминатите празници.

Прегледи:
358
Објавено на:
30.01.2018