Категории

Тие го обележале нашето детство: Најпопуларните филмови на Дизни во три минути (ВИДЕО)

Погледнете ја интересната компилација од скоро 30 Дизниеви цртани филмови кои може да се класифицираат во групата – стари, но и најновите класики…

Многу генерации пораснале со цртани филмови на Дизни за кои веруваме дека на секое дете му го разубавувале детството, а благодарение на уредничката Линдзи Мекучон публиката повторно доби шанса да види еден краток преглед од скоро триесет Дизниеви цртани филмови.

Всушност, Линзи направила троминутно видео преку кое сакала да и оддаде признание на компанијата Волт Дизни, која е основана далечната 1923. година.

Во видеото се прикажани култните цртани филмови, од “Малата сирена” од 1989. година, па се до фимот “Фрозен” од 2013.

Да се подсетиме на највпечатливите сцени од бројните магични цртани филмови кои спаѓаат во  “Дизниеви” стари, но и најнови класики:

Прегледи:
384
Објавено на:
05.08.2016