Типично машко

типично машко

„Ќе си речеш гад е, глупав е, ваков е, таков е. И кога ќе почнеш стварно да веруваш во овие твои секојдневни филозофии, ете ти го пак. Абе точно знае кога треба т.е. кога не треба да се појави.Ќе го снема некое време и оп, или ќе ти се јави или ќе ти пише. А во најлош случај ќе ти се појави на место кајшто знае дека ќе бидеш, чисто онака да те потсети дека сѐ уште постои. Тоа што он си продолжил со животот не е битно, битно е дека ти него не смееш да го заборавиш. Никогаш.  

А тогаш кога ќе го видиш следуваат сцени во мозокот баш како во филмовите. Цел ден нема да ти излезе од глава, ќе мислиш на него и кога мислиш дека не мислиш. Ќе сакаш пак да го видиш. А ако го видиш ќе сакаш и да го гушнеш  и да е до тебе засекогаш. Ако не засекогаш, барем уште еден ден. И сѐ така во круг. 

Абе ова машкиве се почудни манипуланти од нас. Некогаш го мразиш, а некогаш ти треба повеќе од сѐ.“


   Lauren Mars




Коментари

коментари