Тој некој не си ти!

Прашај ги нив. Сите нив прашај ги! Прашај ги дали со друг ме видоа минатата вечер. Нека кажат, едвај чекаат да кажат. Како од пушка нека одговорат. Нека створат сојуз од љубопитност и одмазда. Нема да те лажат овојпат. Овојпат нема да се тоа „градски муабети“: Ќе те заболи вистината, дури и да не сакаш. Ќе ти продре во срцето длабоко некаде. Ќе кршиш. Ќе пцуеш. И десет цигари во пет минути ќе запалиш. И три вотки на екс ќе испиеш. Ќе збеснуваш. Од инат ќе излезеш. Девојка ќе бараш, по одмазда ќе плачеш. Ќе ги сретнеш и оние на кои до вчера срцата им ги корнеше. Нема сами да бидат. Ја научиле твојата лекција, драги. Со некој кој ги заслужува ќе те судрат. Нема да постоиш, сфаќаш? Најосамен ќе се чувствуваш. За првпат. Грозно чувство, нели? Кожата ја ежи, солзите ги буди од длабок сон. Кој-ти да плачеш? Кралската гордост да ја извалкаш? Ти – да молиш? За љубов ли да молиш? Што е најтрагично, ќе ја нема ни онаа една кај која се враќаше после секој љубовен пораз. Ќе ја нема таа девојка, смотана, наивна, таа која сè ти простуваше. Ќе тргнеш на таа адреса каде од гревовите се искупуваше, ама само прашина ќе најдеш. Прав и пепел. Уништи сè. Празно место ќе најдеш. Чернобил од човековата душа. Таму ти пустош направи. Некој друг ја одвел твојата малечка во рајска градина. Некој друг ја намамил со букет цвеќе, искрен бакнеж во чело, два-три збора кои сака да ги чуе. Некој друг се смее на твоето рамо за плачење. Некој се смее и ја чува. Тој некој не си ти. Тој некој ти никогаш не беше.

-Кристина Цонкинска, 2015

-Прочитајте повеќе на:https://www.facebook.com/devojkatasoledenosrce




Коментари

коментари