Категории

Тони Надал: Федерер е подобар од Рафа, не поголем од него

Роџер Федерер доби голем комплимент од вујкото и долгогодишен тренер на неговиот најголем ривал во текот на годините, Рафаел Надал – Тони.. За Надал постариот, Федерер во моментов е „најдобриот на сите времиња“ – мислење, кое го делат многумина.

Триесет и шест годишниот Швајцарец ја освои својата рекордна 20-та Гренд слем титула пред еден месец, триумфирајќи по шести пат на Австралија Опен. Федерер минатат недела се врати и на првото место на светската ранг-листа.
– Во моментов, Роџер е најдобриот на сите времиња. Никој не го постигнал она што го постигнал тој. Род Лејвер исто така беше многу добар, но никој не освои 20 Гренд слем титули, Дејвис купот и многу големи победи. Рафаел има 16 Гренд слем титули, четири пати триумфираше во Дејвис купот, но Федерер е подобар, тој е најдобар. Мислам дека тој е способен да игра на тоа ниво уште некое време, изјави Тони Надал во интервју за ТенисНет.
На прашањето дали Рафа Надал ќе биде дел од АТП турнејата кога ќе има 36 години, Тони вели: „Не можам да кажам. Но, ако е здрав, не гледам зошто не би можел. Ако Рафаел гледа можност да освојува големи турнири, тој може да игра уште неколку години“.
Извор : МИА
Прегледи:
559
Категории:
Спорт · Тенис
Објавено на:
28.02.2018