Топ моделот Кендал Џенер со секси танц во рекламата на Балман за H&M

Брендот H&M го продолжува својот тренд, лани беше Александар Венг, а оваа година луксузниот и неверојатен Балман креира колекција која ќе се најде на полиците на H&M и која ќе биде достапна и за обичните смртници.

Комплетната кампања е конечно достапна цела. Покрај младите топ модели Џиџи Хадид и Кендал Џенер, се појавува и убавата Џордан Дан, како и машките модели Хао Јун Ксианг и Дудли О’Шаугнеси.

Зад фотографиите стои модниот фотограф Марио Соренти. Од прикажаното може да се види дека H&M и Балман ни прогнозираат сезона полна со бои и сексипил. Од 5-ти ноеври колекцијата ќе биде достапна во дуќаните ширум светот.

Пред да излезе официјалното видео кое е дел од кампањата, во јавноста излезе видео од зад сцената, однсно процесот на снимање на рекламата. Јасно видеото е сочинето од млади и секси модели, а бонус уживање е и нивниот танц.




Коментари

коментари