Категории

Топлото време е поопасно за возачите од алкохолот

Познато е дека на концентрацијата на возачот, а со тоа и безбедноста на сообраќајот влијаат многу надворешни но и ,,внатрешни” фактори. Доколку е премногу топло во внатрешноста на автомобилот, може да биде многу опасно за возење.

Германското Министерство за сообраќај спровело истражување како и на кој начин преголемата топлина во автомобилот влијаат на моториката и перцепцијата на возачот. Резултатите се навистина интересни, со оглед на тоа што загреаната кабина на автомобилот е еднакво опасна, во некои околности и поопасна од алкохолот.

При температура од 30 степени во автомобилот ризикот за сообраќајна незгода се зголемува за 6%. При 32 степени за 3%, а кај екстремна топлина, над 37 степени и за повеќе од 33%. Во претопол автомобил возачот бргу се уморува и потешко се концентрира, реагира полошо, што директно го зголемува ризикот за тешка несреќа.

На возачите им се советува задолжително да го проветреат автомобилот пред влегување во него и првите минути во возењето со клима уред, да ги остават отворени и прозорите. Освен ова, се советува и конзумирање на поголема количина на течности, бидејки и дехидрацијата на организмот многу лошо влијае на перцепцијата на возачот.

Прегледи:
379
Објавено на:
18.08.2017