Категории

Тоше, ангелу мој најубав. Со твоите песни јас научив да зборувам…

Тоше, ангелу мој најубав. Дали ти ја пушти мојата рака или јас ја пуштив твојата, за да одлеташ на небото? 

Најголемата казна е тоа што ќе те гушкам само преку твоите стихови во кои пронајдувам малку спокој.

Да ти кажам дека ми недостасуваш кога гледам твој мини концерт, кога ги слушам твоите песни, кога сум толку многу разочарана ми фалат твоите зборови „ ВЕ САКАМ СИТЕ“, со твоите песни јас научив да зборувам, ми недостасуваш за да се претвори во совршенство оваа македонска музичка сцена, ми недостасува твојата насмевка во која бевме ние, твоите најмили, за кои ти пееше и живееше. Ми недостасува таа твоја волја за да бидеш прв и најдобар. Одам често кај тебе горе во Крушево, спомен куќата е исполнета со твојата облека, восочни фигури, инедекси. Знам колку ти беше само важно да не ти се налутиме затоа што ќе издадеш албум на друг јазик. Помеѓу милиони гласови би го препознала твојот исполнет со тага, љубов, добрина. Кај тебе на гроб доаѓаат славни личности, луѓе од странство, од цела Македонија. Секогаш кога ќе доаѓам таму со бавни чекори, боли Тоше, многу боли.

ТЕ САКАМ ТОШЕ, ќе пишувам во секакви книги, на блогови, во мојот споменар дека ти беше мојата најголема детска искрена и чиста како солза љубов. Го чувам списанието што ми го даде, мириса на тебе, на твојата добрина и смелост да го заробиш микрофонот во твоите раце. Денес е твој и наш ден, твој роденден. Не те преболивме, сеуште те чекаме таму каде што не остави. Те чекаме пак да ни запееш, да не бакнеш и да ни ги избришеш солзите.

Го обожавав твоето перчење на телевизиските емисии кога гостуваше и со трепет раскажуваше за твоите албуми. Денес ќе пееме твои песни, со солзи во очите, а замисли како би те гушнале да беше помеѓу нас..па макар и за последен пат.

Овој роденден слави го со ангелите, ТИ БЛАГОДАРАМ што ми беше мотивација кога сакав да се откажам од пишувањето на мојата книга, но ТОШЕ успеав!

Запеј денес на небото, во моето срце си ангелот што ми остави аманет да сакам најсилно, затоа што и ти ТОШЕ сакаше да ти се случи љубов, твојот глас ми беше во душата милувка кога ми беше најтешко, кога и својата душа ја чувствував далечна и туѓа. И сеуште се прашувам Тоше „Дали има ден за нас“.

„ТЕ САКАМ“ без онаа, или оваа причина.

Ме научи дека раката што дава, не се суши. Не те извадов од мисли, со ова сакам да ја намалам мојата болка, на твоето семејство ПРОЕСКИ, на Весна Бејби Петрушевска и на сите други што ги боли твоето осуство.

Чувај ме од небото, ми фали твојот лик.

Среќен роденден ЉУБОВ, никогаш нема да бидеш заборавен, ветувам, ќе пишувам за тебе голем човеку, со тркалање на солза по моето лице но за овие девет години јас се променив многу, но ти со твоите 35 години се врежи во мојот споменар во срцето како ангел кој знае кога да ми запее.

Те сакам Тоше.

Со љубов,

Твојата Стефи.

Стефани Сидороска

Прегледи:
698
Објавено на:
25.01.2016