Трансфер на векот: Болт фудбалер на Борусија

Најбрзиот човек на денешницата, Јамајканецот Усеин Болт, победи во трката на 100 метри на атлетскиот митинг во Острава, Чешка

Олимпискиот шампион и светски рекордер трката на атлетскиот митинг во Чешка ја заврши со време од 10,06 секунди. На најбрзиот атлетичар во светот ова му беше деветти и воедно последен настап на омилениот турнир во Острава.

 

My Golden Spikes collection @ZlataTretra Going for the 9th🙌🏽🙌🏽🙏🏾🙏🏾🏆🏆💯💯

A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on

Болт се подготвува за Светското првенство во Лондон на кое ќе ја брани титулата, а воедно тоа ќе му биде и последен настап во кариерата.

Најдобриот атлетичар во светот Усеин Болт е одлучен во намерата да стане фудбалер во иднина и не отстапува од тоа.

Јамајканецот никогаш не ја криеше својата желба дека има афинитети кон играњето фудбал, и дека сака да направи проба во некоја голема екипа.

Тој иако го фаворизира Манчестер Јунајтед, сепак големата желба ќе му ја овозможи Борусија Дортмунд.

– Се е договорено, ќе тренирам со Борусија и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Во Борусија ќе ми биде отворено кажано дали имам потенцијал за играње фудбал. Во случај да не можам, засекогаш ќе замолчам на оваа тема, Но верувам дека имам потенцијал да постигнам 20 гола по сезона, констатира Болт.

Доколку ова лето во Дортмунд остане да игра Пјер Емерик Обамејанг, „милионерите“ ќе имаат експресен двоец кој 100 метри трча за 10 секунди, нешто што не е видено во Европа.




Коментари

коментари