Категории

Трикови кои спречуваат стаклото, бравата и вратата на вашиот автомобил да се заледат

Не го чекајте утрото во овие студени денови ризикувајќи автомобилот да ви е заледен. Животот ќе ви биде многу полесен ако внимавате на некои работи и направите одредени потези кои ќе го спречат тоа.

Ова се одлични совети како да не дојде до заледување на стаклото, ниту пак вратата, а ни бравата на вашиот автомобил, а и доколку се случи тоа прочитајте што треба да направите:

  • Смеса од алкохол и сапун Направете течност за одледување на стаклото која наутро само ќе ја намачкате по ледот. Во шише ставете литро алкохол, децилитар вода и една лажичка детергент за миење садови. Измешајте ја течноста.
  • Заштитете ги бравите од лед За да не се случи ова помага WD40. Шприцнете во бравата на автомобилот и така ќе спречите да се заледи во текот на ноќта.
  • Вратите на автомобилот да не се заледат Се што треба да направите е да ја премачкате гумата околу вратата на автомобилот со некое масло. Тоа може да биде глицерин, вазелин, масло за јадење и слично. Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за да немате проблем наредниот ден.
  • Чорапи на брисачите Да, добро прочитавте. Навлечете стари чорапи на брисачите за наредното утро да не ги најдете “залепени” за заледеното стакло. или, едноставно дигнете ги за да не стојат на стаклото па така нема ни да се залепат.
Прегледи:
409
Објавено на:
30.11.2017