Категории

Триковите за убавина на супермоделот Жизел Бундхен

Бразилскиот бомбшел кој е симбол за убавина ни откри неколку тајни за нејзиниот прекрасен и заводлив изглед. Супермоделот со бразилско-германски гени и изглед на божица како што ја нарекуваат во модниот свет изјави дека дури и моделите кои навидум сите ги сметаат за совршени имаат многу маани.

gisele-bundchen

Таа вели дека има доста проблематично лице и скеојдневно се труди да даде се од себе да не изгледа дехидрирано и преморено. Во продолжение открива дека нејзиното мото кога се работи за убавина е „Помалку е повеќе“. Таа го сака природниот изглед и минимална шминка.

Жизел кажа дека нејзиното лице е доста аголно и премногу нападната шминка не го комплементира многу. Таа секогаш става минимален слој на пудра, избегнува да става на целото лице туку само на деловите каде што има повеќе неправилности, околу очите и околу устата. Најдобар начин според неа   е нанесување со прсти и тапкање. Таа вели дека нејзиниот омилен продукт е кремасто руменило и обожава свеж и блескав изглед на образите. Руменилото, маскарата и неутралниот кармин се нејзини три омилени продукти вели таа.

gisele-bundchen-vivara-jewelry

Прегледи:
296
Објавено на:
16.03.2016