Цитати од цртани филмови кои не научија за животот и љубовта

Цртаните филмови oтсекогаш биле омилени и кај младата и кај старата генерација. Секој цртан филм е замислен како приказна со моќна порака. 

Цртаните филмови има допрено до нашата душа. Затоа, не може да се каже дека цртаните филмови се само за дечиња. Тие се за сите генераиции, затоа што од нив можеме да научиме многу работи: за љубовта, за пријателството, за почитта и затоа што се толку слатки и важни, сигурно сеќавањето на некоја од омилените сцени, ќе ве разнежни.

Да се потсетиме на некои од цитатите од кои научивме многу важни работи:

Петар Пан

„Го знаеш местото помеѓу сонот и јавето, место каде што секогаш е дозволено сонување? Тоа е местото на кое што секогаш ќе те сакам и секогаш ќе те чекам.“

Покахонтас

„Послушај го твоето срце и ќе разбереш“.

Аладин

„Смеам ли да го поделам со тебе целиот овој нов свет?“

Бамби

„Љубовта е песна која никогаш не престанува.“

Барајќи го Немо

„Кога ќе те погледам, те чувствувам. Кога ќе те погледнам, знам дека сум дома.“

Принцезата и жабата

„Мојот свет никогаш не би бил целосен доколку ти не си таму.“

Кралот Лав

„Можеш ли да ја почувствуваш љубовта вечерва? Тој мир кој го носи вечерта? Светот барем еднаш ќе живее во совршена хармонија.“

Херкулес

„Кога се заљубени, луѓето прават навистина луди работи.“

Убавицата и ѕверот

„Вистина е дека не е типичен шармер, но во него има нешто што до сега никогаш не сум видела.“

Заледеното кралство

„За некои луѓе навистина вреди да се „стопиш“.“

Тарзан

„Верувај му на своето срце и дозволи и на судбината да одлучи.“

Пепелашка

„Љубов е тоа што живтот го прави толку магичен?“

 




Коментари

коментари