Цитати посветени на среќата

Среќата е чувсто кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има.

Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначајни, а работите кои го растажуваат се големи. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се исполнети.

Сите луѓе се во потрага по среќа. Доколку вие сте едни од оние кои не знаат каде и како да ја пронајдат, прочитајте ги следниве цитати кои ќе ви помогнат да ја пронајдете.

„Мораш да се навикнеш на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа, ако немаш со што да ја споредиш.“ – Пауло Коелјо

„Најди време за пријателство, тоа е патот до среќата.“ – Мајка Тереза

„Постојат два вида на среќа: среќа на духот и среќа на телото. Помеѓу тие два вида на среќа поважна е среќата на духот.“ 

„Твојата моќ е правопропорционална со твојата способност да уживаш.“ – Наоплеон Хил

„Успех е да го добиеш тоа што го сакаш. Среќа е да го сакаш тоа што ќе го добиеш.“ – Дејл Карнеги

„Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не настаните.“ – Далај Лама

 „Среќата е како палата од бајките, која ја чуваат змаеви. Мораме да се бориме за да ја освоиме.“ – Александар Дим

„Колку повеќе луѓето имаат можности за среќа, толку се понесреќни.“ – Пауло Коелјо

„Сјајот на една топла мисла вреди повеќе од пари. Среќата не ни носи богатство и раскош, туку смиреноста и работата.“ – Томас Џеферсон

„Здравјето ги надминува сите можни добра, па така здравиот просјак е посреќен од болниот крал.“ – Артур Шопенхауер

„Среќата не е случајна, ниту нешто што треба да го посакувате. Среќата е нешто кое сами го создавате.“ – Џим Рон




Коментари

коментари