Категории

Турските ѕвезди на доделувањето на Altin Kelebek наградите

Синоќа во Турција се одржа доделувањето на престижните награди „Златна пеперутка“ каде присуствуваа бројни турски филмски и музички ѕвезди. 43-тата церемонија по ред беше одржана под спонзорската капа на брендот Pantene.
125 ѕвезди од светот на музиката и филмот беа номинирани во 25 категории.
Наградата за најдобра женска актерка ја доби Бурчин Тезгиоглу за улогата во серијата “Poyraz Karayel“, најдобар актер беше прогласен нејзиниот парнтнер Илкер Калели во истата серија а наградата му ја врачи актерката Мерием Узерли кај нас позната по улогата на Хурем Султан. За најдобра серија беше прогласена историската драма “Dirilis Ertugrul“.Пеачот Таркан ја доби наградата за Најдобар музички албум.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на свечената церемонија.

hs6d0ahjruwsnucosvuz3q

Прегледи:
795
Објавено на:
14.11.2016