Тврдоглави сте? Супер, ќе живеете подолго

Постарите луѓе често позититивно гледаат на животот, а многу од нив се и тврдоглави. Тоа е сепак одлично за психичкото здравје бидејќи таквите луѓе не се замараат премногу што мислат другите за нив. 

Позитивност, тврдоглавот, работна етика и силната поврзаност со семејството, религијата, татковината се клучни за долг живот, тврдат одредени познавачи од Калифорнија и Италија, кои направиле студија на оваа тема.

Испитувале 29 луѓе кои живеат во селата низ Јужна Италија, на возраст од 90 до 101 година живот. Откриле дека тие имаат многу заеднички психолошки особини.

Исто така, постарите испитаници имале подобро ментално здравје од своите помлади членови во семејството. Испитувачите го процениле нивното ментално и телесно здравје преку низа тестови и разговори. Истото го направиле и со помладите членови в семејствата.

Постарите луѓе имале попозитивен поглед на светот, а многу од нив покажале исклучителна тврдоглавост. Тоа е одлично за психичкото здравје, затоа што таквите луѓе не посветуваат особено внимание на тоа што другите говорат за нив. Другата заедничка точка на испитаниците била страста кон селскиот начин на живот.




Коментари

коментари