Убавините на Мадрид прикажани низ фотографии

Мадрид, главниот град на Шпанија важи за еден до најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без зборови.

Голем број од градбите изгледаат како замоци, поради што многумина помислуваат како да се во бајка.

Постојат многу нешта за да се видат и направат во Мадрид, како и одличен ноќен живот во локалните барови, ресторани и клубови. Секако, не треба да заборавите да ги посетите следните знаменитости:

Палатата “Palacio Real de Madrid” 

Палатата “The Palacio Real de Madrid” е резиденцијата на кралското семејство на Шпанија, која се користи само за официјалните државни настани. Изградбата на овој објект е започната во 1738 година, а истата е изградена во класичен и барок архитектонски стил. Протегајќи се на површина од 1 450 000 метри квадратни со 2 800 соби, оваа градба важи за најпространа палата во Европа. Внатрешноста на палатата изобилува со богата уметност, обемни колекции на уметнички слики потпишани од врвни сликари, збирки со голема историска и културна важност составени од вредни сребрени и порцелански предмети, скапоцен мебел и вредни часовници.

Плоштадот “Plaza De Cibeles”

Eден од главните симболи на градот Мадрид. Во рамките на овој нео-класичен комплекс се наоѓаат и познатата “Cibeles Palace” палата и нејзината фонтана на која е поставен и споменикот на римската божица на плодноста Церес. На овој плоштад се сместени и неколку административни згради, меѓу кои и Банката на Шпанија, која е само уште едно парченце во сложувалката од главниот симбол на градот Мадрид.

Паркот “Parque Del Retiro”

“Parque del Retiro” е еден од најголемите паркови во Шпанија. До крајот на 19-от век, пред да стане јавен парк, бил во сопственост на шпанската монархија.Во рамките на паркот е сместена и една од најубавите градини во Шпанија, цветната градина “Rosaleda”. Во средината на цветните површини се издига и фонтаната на Паднатиот ангел која што го претставува паѓањето Луцифер од небото. Се тврди дека оваа статуа е единствената јавна статуа за ѓаволот.

Музејот “Prado Museum”

Музејот “Prado Museum” е главен шпански Национален музеј на уметноста и истиот е сместен во централниот дел на Мадрид. Се одликува со една од најдобрите колекции на уметнички дела во светот на европската уметност, за периодот од 12-от до почетокот на 19 век, составена од поранешната Шпанска кралска колекција на дела.

 

 

 

 




Коментари

коментари