УЕФА ѝ се заблагодари на Македонија: Фантастични домаќини на Суперкупот 2017

Европската фудбалска куќа се заблагодари до Македонија за организацијата на европскиот Суперкуп – натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунатјед кој вечерва беше одигран на „Телеком Арена“ во Скопје.

Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодарност за одличната организација и домаќинството на европскиот Суперкуп.

УЕФА на социјалните мрежи упати благодарност до Скопје и Македонија за гостопримството, посебно нагласувајќи ја „фантастичната организација“ на Суперкупот.

„Благодариме Скопје. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“, порачаа од УЕФА.




Коментари

коментари