Категории

УХМР со вонредна прогноза за времето

Утре во јужните делови ќе се задржи претежно облачно со локален слаб снег, а во северните ќе има намалување на облачноста. До четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15, а на места ќе се спуштат и до -20 степени.

Дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Позначителен пораст на температурата ќе има во петок, кога ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни.

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег.
Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Во источните делови на пониските места врнежите ќе бидат претежно од дожд.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а нови врнежи претежно од снег се очекуваат во понеделник.
Прегледи:
311
Објавено на:
10.01.2017