Категории

Уникатните солени езерца во Перу кои ќе ве остават без здив

Постојат некои места на нашата планета каде што природата креирала ремек – дело и кога ќе ги погледнете едноставно не можете да поверувате дека станува збор за реални фотографии. Марасонските Езера сместени во древната света долина Инка се пример за тоа какви совршени дела создава природата.

Уникатен пејзаж кој на уште на прв поглед магепсува. Како што се приближувате до долината, ги забележувате деталите на структурите, кои во суштина се хранат со еден подземен поток, кој, како што претпоставувате, е многу, многу солен. Процесот на создавање на солта е навистина едноставен – водата тече во овие базени (кои воопшто не се длабоки), а потоа испарува и остава тенка кора и ја создава најпосакуваната сол во светот. 

Прегледи:
365
Објавено на:
08.08.2017