Уште еден славен, но не толку млад актер ќе стане татко

Со нова жена во животот, пристигнува и ново бебе.

Шеесет и три годишниот британски актер, Роуан Аткинсон, популарниот господин Бин, по трет пат, ќе стане татко. Иако е во во шесттата деценија од својот живот, тој навистина многу се весели на новата принова.
Бебето е “плод на љубовта” со младата британска актерка Луиз Форд, со која се запознаа во 2013 година кога заедно работеа на театарската претстава “Quartermaine’s Terms”.  Веќе следната година во јавноста почна да зборува за неговата нова љубов, поради што пропадна неговиот долгогодишен брак со сопругата Сунетрот Састри, шминкерика од BBC, со која има две возрасни деца – Бена (23) и Лили (21) .

Неколку недели по завршувањето на бракот, новиот пар веќе почна да живее заедно, а сега со душа го чека раѓањето на нивното дете.




Коментари

коментари