Категории

Уште еден земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала попладнево во 15 часот и 23 минути е почувствуван во Скопје.

Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар земјотресот бил со епицентар во Сопиште, со длабочина од еден километар.

Ова е втор потрес денеска во Скопје.  Првиот беше утрово во 08:03 часот во истото епицентрално подрачје, со јачина од 2,6 степени според Рихтер.

Прегледи:
343
Објавено на:
02.02.2018