Успешна приказна: Симона Пеовска стигна до #НоваКариера како дигитален маркетер

Целта на Академијата за маркетинг на Brainster е да ги претвори почетниците во маркетинг експерти преку интензивна 16 неделна работа на реални проекти.

Процесот е секогаш ист: доаѓаат со голема желба да стигнат до нова кариера, па напорно работат на тоа. Кога ќе стекнат доволно искуство, добиваат работа од соништата! Ова е приказната за новата кариера на Симона Пеовска  од New Media MK

1. Претстави ни се, која е Симона?

Здраво дечки! Јас сум Симона, девојка која е постојано гладна за знаење, предизвици, новини и дружење. Можам да направам муабет на секоја тема, ама омилена ми е маркетингот. Уживам да читам статии, книги, да пишувам блог постови, и сакам да мислам дека сум маркетинг гуру во изградба 😁

2. Зошто реши да бидеш дел од Академијата за маркетинг

Мојата прва средба со маркетингот беше лани летото кога бев на пракса во Германија. Инаку студирам на Машински, ама после таа пракса се заљубив во маркетинг. Се вратив во Скопје и на Фејсбук видов дека има уписи за Академијта за маркетинг од Brainster. Бев решена да се нурнам во водите на маркетингот и да си го проширам моето знаење, па така аплицирав и ми се исполни желбата да бидам дел од едно прекрасно семејство.

3. Како си помина? Сподели некое искуство:)

Академијата за маркетинг беше неверојатно искуство за мене! Се запознав со многу кул луѓе и научив многу нови работи кои успеав и да покажам дека ги знам (што најмногу ме радува). Работната атмосфера беше секогаш позитивна, инструкторите ведри и насмеани, и сите лесно и брзо се вклопивме во новата средина. Многу често знаевме да излеземе на пивце после предавање.

4. Како дојде до твојата работа во New Media MK, што правиш таму?

За време на Академијата имавме натпревар за најдобра маркетинг кампања за allweb. Мојот тим победи и се договоривме со Дарко дека ќе почнеме со реализација на нашиот план на крајот на летово. Отидовме на состанок (супер си поминавме) и Дарко нè праша дали сме заинтересирани за работа во New Media MK. И еве сум веќе трета недела како работам со лудиве дечки. Водам акаунти на социјалните мрежи за повеќе клиенти, се подготвуваме за allweb, и пишувам блог објави за komunikacii.net

  1. Кој е најголемиот предизвик пред тебе во моментов?

Најголем предизвик ми е да не ги помешам акаунтите на клиентите. Ама најозбилно. Ми се нема случено, ама верувајте дека е предизвик и дека бара многу многу внимание (и трпение) кога се објавува, лајкува, коментира. Сепак, на предизвиците гледам како на можност да се покажам себеси, со сè што знам и умеам. Кога играм “Вистина или предизвик” секогаш бирам предизвик




Коментари

коментари