USweekly: Ким Кардашијан го краде стилот на српска пејачка?

Освен српските медиуми кои пишуваат дека Ким Кардашијан го копира стилот на српската пејачка Јелена Крлеуша, сега за тоа почнале да пишуваат и американските медиуми!

Jelena i Kim, ko koga imitira? Foto: Instagram, @karleusastar

Јелена и Ким, кој кого го имитира?

Така на пример, можеме да прочитаме текст на порталот на USweekly кој гласи: Дали Ким Кардашијан го копира изгледот на српска поп ѕвезда? Пресудете сами!

И потоа следуваат фотографии на Јелена од Инстаграм, но и стилски комбинации кои потсетуваат на стајлингот на српската пејачка.

Текстот со кој се проследени фотографиите гласи:

Српската поп ѕвезда Јелена Крлеуша мисли дека таа би можела да биде инспирација за новиот стајлинг на Ким Кардашијан. Триесет и шестгодишната пејачка на својот Инстаграм профил објавува една покрај друга нејзини и фотографии од Ким за да ги покаже сличностите, вклучувајќи ја тука и шокантната нова платинесто-руса коса на Ким.

Hajde da igramo igru, pronađite Jelenu na ovim slikama! Foto: Instagram, @karleusastarПронајдете ја Јелена на овие слики!

Крлеуша која на Инстаграм има 369,000 следбеници, во музичкиот бизнис е повеќе од 20 години, издала 10 студиски албуми и е една од најпродаваните музички ѕвезди во Источна Европа. “W magazine” во 2013. година за неа пишувал како за “Гага од Србија”.

“Мислам дека нејзините стилисти нашле инспирација на мојот Инстаграм профил, а не таа“, рекла Крлеуша за USweekly и додала:

“Јас немам стилист, се правам самата”.

Иако мисли дека Ким ја копира, Крлеуша за неа нема ниту еден лош збор.

USweekly o Karleuši, Foto: Instagram, @karleusastar



Коментари

коментари