Категории

Утре ќе се разбудиме со снег

Утре и во среда почнувајќи од западните и северозападните делови  ќе има  локални врнежи од дожд и снег. Значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено со врнежи од снег и засилен, повремено силен северен ветер.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините  и до 50 цм, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде  ќе бидат под нулата .

Прегледи:
347
Ознаки:
· ·
Објавено на:
02.01.2017