Утрово Скопјани ”ги разбуди” силен земјотрес

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово е почувствуван во Скопје и околината, една минута пред да се случи и втор земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтер. Потресите предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот. Првиот земјотрес се случил во 06 часот и 58 минути, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути. Според информациите на сеизмолошката опсерваторија на природно математичкиот факултет во Скопје и опсерваторијата во Белград епицентарот на земјотресот беше на 3 километри југозападно од Скопје со епицентри на 2 километри под земјината површина. Земјотресот е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што како во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението.




Коментари

коментари