Категории

Vans оваа пролет ќе ја обои во пастелни нијанси

Оваа пролет ќе биде обележана во пастелни бои. Пролетните дизајни во крем, розови и небесно плави нијанси се присутни кај скоро сите спортски брендови меѓу кои водечките Adidas, Nike и Puma, а сега на „забавата“ им се придружува и култниот бренд Vans. Овие денови тие ги претставија своите најнови модели на slip-on патиките во нежно розова, праска, небесно сина, нане и светло жолта боја кои ќе бидат симбол за оваа лежерна пролет. Колекцијата моментално е достапна само во САД а наскоро се очекува низ цела Европа..

Прегледи:
261
Објавено на:
27.03.2017