Вардар ги „собра“ сите награди во град Скопје

Стојанче Стоилов е спортистот на град Скопје за 2017, Раул Гонзалес е тренер, Арпад Штербик најдобар странец. Сара Ристовска во Топ-10, а двете сениорски екипи на Вардар се најдобри во градот.

Вардар ја имаше својата година од соништата, не само со освојувањето на ЕХФ лигата на шампионите, и плус уште четири други трофеи туку и според наградите што ги добива, како колектив или индивидуално. На доделувањето на наградите на најдобрите во град Скопје за 2017 година, дури шест трофеи завршија во витрините на РК Вардар.

Најголемото признание – спортист на Скопје за 2017 му припадна на Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар. Во Топ-10 спортисти се најде и Сара Ристовска, крилото на женската екипа на Вардар.

„Во сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијанштад не треба да се потценува. На натпреварот со ПИК Сегед покажаа дека се незгодна, динамична екипа. Ако играме како што знаеме ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа да завршиме Лига на шампиони. Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и сѐ оди добро, да не ја разочараме публиката на крајот од годинава”, вели капитенот Стојанче Стоилов.

A post shared by Ракометен Клуб Вардар (@rkvardar) on


Две награди добија ракометарките, и тоа: Сара Ристовска која беше во Топ-10 во женска конкуренција и плус екипата на Вардар беше избрана за најдобра женска екипа во град Скопје.

Очекувано повеќе пехари освои машката екипа. Покрај највисокото признание, што го доби Стоилов, индивидуални освоија и Раул Гонзалес – тренер, Арпад Штербик – странец. И плус екипата на Вардар е најдобриот тим во Скопје.

Нашите спортисти својот мир и релаксација, а воедно и одржување на физичката кондиција го пронаоѓаат во хотел Руссиа. Во овој хотел добиваат се што им е потребно, користејќи ги бенефитите од најдобриот Спа центар, каде што се опуштаат по напорните тренинзи и вежбањето во фитнес центарот на Руссиа.


Освен неспорниот талент и напорната работа, хотел Руссиа несомнено влијае врз продуктивноста во текот на слободното време на нашите спортисти. Поради набиената агенда од особено значење е тоа што тука можат да најдат се што им е потребно без да одат од едно до друго место во градот. Сите овие удобности со кои располага ова е причина хотел Руссиа да биде омиленото место на нашите спортисти, бидејќи најдобрите го заслужуваат само најдоброто.




Коментари

коментари