Вардар против Загреб во полуфиналето во СЕХА

Загреб и Мешков Брест го одиграа последниот 90-ти натпревар во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. Загреб, како домаќин во Вараждин, загуби од белорускиот шампион 25:31 (14:17).

Натпреварот во Вараждин беше исклучително важен за Мешков Брест кој со триумфот обезбеди пласман на завршниот турнир. Со поразот ракометарите на Загреб во десет дена го елиминираа Цеље од две натпреварувањa. Загреб најпрвин во директен дуел славеше над Словенците и се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите, а сега со поразот го исфрли Цеље од завршниот турнир во СЕХА лигата.

Завршниот турнир во СЕХА лигата најверојатно ќе се игра во Белорусија од 7. до 9.април, а во полуфиналето ќе играат Вардар и Загреб, односно Веспрем и Мешков Брест.

Извор : Макфакс




Коментари

коментари