Категории

Верверичка украде GoPro камера и сними неверојатно видео … 

Технологијата очигледно не ги обзема само луѓето, па и дел од животните сакаат да видат како е на момент да поседуваат GoPro камера.

Имено, една верверичка украде GoPro камера, па сними видео во кое ни дава можност да видиме како изгледа нејзиниот живот горе на дрвјата.

За среќа, оваа верверичка покрај неверојатниот талент за снимање вирални видеа има и добри манири, па се погрижила да ја фрли камерата на место на кое ја пронашол нејзиниот вистински сопственик, па сега ја имаме таа чест да го гледаме првото видео снимено од перспектива на верверичка.

Уживајте во ова визуелно ремек-дело!

Прегледи:
314
Објавено на:
14.08.2016