(ВИДЕО) 60 поени на Коби Брајант на последниот натпревар во кариерата

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња Коби Брајант ја заврши својата кариера.

„Црна Мамба“ во 20 сезони минати во дрестот на ЛА Лејкерс синоќа против Јута го одигра последниот меч во кариерата.

Коби ги предводеше Лејкерси до победата од 101:96 со 17 од последните 19 поени кои ги постигнаа „Езерџиите“ во завршните две минути за комплетен пресврт и триумф.

https://www.youtube.com/watch?v=EzpsyFvz7W0

За ѕввезденото збогување од кошарката да биде во стилот на холивудските филмови, Коби се погрижи средбата да ја заврши во фантастични 60 постигнати поени, што е трет и последен ваков негов учинок во фантастичната кариера.




Коментари

коментари