ВИДЕО: Дали ова е Спасе од „Еден на Еден“?

Во недела во 20:30 часот на „Телма“, публиката ќе го запознае тимот на Еден на Еден, поточно дел од момците и девојките сценаристи кои го создаваат најгледаното ток-шоу во Македонија. Заедно со Љубиша, Марина и Ива, на каучот кај Жаре гостува и стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој во деветтата сезона активно се приклучува на тимот на „Еден на Еден“ и ќе го гледаме во секоја следна епизода.

Покрај Жаре, и публиката во студиото имаше можност да поставуваше прашања за гостите-сценаристи, а неколку од тие прашања, секако, беа поврзани со редовниот гледач Спасе.

Дали тој конечно ќе се појави, може да погледнете во следната епизода на „Еден на Еден“.

Не заборавајте, емисијата оваа сезона е во нов термин – секоја недела од 20:30 часот на „Телма“!




Коментари

коментари