Категории

ВИДЕО: ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ЈА ОТКРИВА ШАР ПЛАНИНА

Мадс Толструп е дански патник и авантурист, кој раководи со авантуристичкиот проект Монтем, во кој ги бележи своите планински истражувања и освојувања. На неговиот канал на Youtube, тој објавува интересни снимки од неговите патувања, кои досега, меѓу другите дестинации, го однеле на Атласките планини, во Мароко и Грузија. Во следната епизода, на ред се импресиите од нашиот најголем планински венец, Шар Планина. Додека ги чекаме целосните снимки, кои Толструп ги најавува за февруари, еве го неговиот трејлер за шарпланинските доживувања.

Извор:   http://www.radiomof.mk/

Прегледи:
388
Објавено на:
24.01.2016