Видео: Фудбалерот на Гана Sulley Muntari дава пари на сиромашните во Бразил

Контроверзното првенство во Бразил, заради трошењето на големи државни средства за организирање на истото, додека голем дел од населението живее во сиромаштија, ја објаснува оваа постапка на фудбалерот од Гана Sulley Muntari.

Според 101 Great Goals, наводно, фудбалерот на AC Milan, добил специјална дозвола од главниот тренер  Kwesi Appiah да ја исполни неговата желба, да го запознае непривилегираното и сиромашно население во градот Maceio, каде е сместен тимот на Гана.

За време на неговата тура низ Maceio, давал автограми и се сликал со локалното население, а потоа Африканската ѕвезда, ја ставил раката во џебот и започнал да им дело пари на луѓето.

Сетоа тоа завршило по инсистирање на полицијата, а локалното население сега ќе навива и за Гана, бидејќи велат дека се заборавени, а политичарите доаѓаат само за време на избори, ова е прв пат некој фудбалер да биде во нивното маало.

Гана играше нерешено 2 – 2 со Германија, со што тимот има шанса за квалификација во понатамошниот дел од првенството.

 




Коментари

коментари