Категории

Видео кое ќе ве потсети да уживате секој ден и покрај големите обврски!

Треба ли воопшто да се потсетуваме дека мајките се мајки секој ден, дека децата секој ден се деца, дека љубовта секој ден е иста, а врнежливите денови, обврските, сонцето, летото или снегот се само промени кои го зачинуваат нашиот живот. Само зачин, бидејќи сите продукти на нашето јадење и така се покрај нас секој ден.

И колку и да ви е тешко да станете наутро. Колку и да ви е тешко да ги преживеете секојдневните обврски, колку и да бидете изморени, сетете се само да уживате во сето тоа.

Животот е навистина прекраток за да сме постојано во некакво трчање. Животот е тука покрај вас, со тоа мало срце кое чука покрај вашето.

И затоа престанете да се жалите на дождот и на обврските, опуштете се и уживајте во секој зачинет момент кој ви го носи животот. И не се грижете доколку доцните, доколку не постигате, доколку понекогаш не можете, бидејќи единственото што е важно е детето, таа среќа и тој неповторлив момент. Бидејќи тие минути никој никогаш нема да ви ги врати.

Погледнете го ова прекрасно видео кое ќе ве потсети на суштината на животот:

 

Содржината е преземена од  SeZaDeca.com.

Оригиналната содржина, како и многу повеќе содржини погледнете ТУКА

 

Прегледи:
430
Објавено на:
15.05.2016