Категории

Видео од гостувањето на Манчевски на „Оксфорд Брукс“

Последната информација за режисерот Милчо Манчевски е поврзана со неговиот ангажман како професор на Државната филмска академија во Хавана, Куба, каде што ќе им предава на постдипломците на филмска режија и ќе биде супервизор на нивните филмови. Исто така, времето поминато во Куба ќе го искористи за снимање краток филм.

„Пред дождот“, но и целокупниот опус на Манчевски се изучуваат на многу универзитети во светот, од Калифорнија до Кина, од Бразил до Русија, од Австралија до Германија. Овој филм е дел и од наставната програма во средните училишта во Италија, поради што Манчевски е ангажиран да гостува на бројни универзитети.

Таков беше случајот и со Универзитетот „Оксфорд Брукс“ во Велика Британија, каде што беше специјален гостин и зборуваше за своите почетоци, за начинот на кој го нашол својот пат во филмскиот свет, за својот однос кон филмот, генерално.

Гостувањето беше некаде пред речиси една година, но видеото од неговиот настап се појави неодамна и навистина е инспиративно. Погледнете го!

Извор: http://cinema.mk/